МУЦУНСКИ И ПЕТРОВА ЌЕ СЕ СРЕТНАТ В ЧЕТВРТОК ВО СОФИЈА Средбата ќе се одржи на маргините на конференцијата за Коридорот 8

Иницијативата за средба на министрите за надворешни работи на двете земи произлезе за време на посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Скопје.

106

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Тимчо Муцунски и Велислава Петрова, ќе се сретнат в четврток во Софија.

Од бугарското МНР за БТА потврдиле дека шефовите на дипломатиите на двете земји ќе имаат можност да се сретнат на маргините на меѓународна министерска конференција за Коридорот 8 во Софија, чиј домаќин ќе биде министерката Велислава Петрова.






„Форумот, на кој ќе присуствува и министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, ќе овозможи одржување билатерална средба како дел од тековниот дијалог меѓу двете земји, велат од МНР на Бугарија.

Иницијативата за средба на министрите за надворешни работи на двете земи произлезе за време на посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Скопје. По нејзин совет, премиерот Христијан Мицкоски го замоли Муцунски да побара средба со Петрова, во обид да се поттикне процесот за решавање на проблемот околу бугарската блокада на евроинтеграцијата на Македонија.

Од македонското МНР претходно за МИА потврдиле дека е побарана средба меѓу министерот за надорешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова, којашто би се одржала неделава на маргините на министерскиот состанок во Софија посветен на Коридорот 8.

НЕМА ОДГОВОР ОД СОФИЈА НА БАРАЊЕТО ЗА БИЛАТЕРАЛНА СРЕДБА По советот на Фон дер Лајен, Македонија побара состанок меѓу Муцунски и Петрова

 

Поврзани содржини