ИРАН ПОСТАВИ 7 УСЛОВИ ЗА ОТВОРАЊЕ НА ОРМУСКИОТ ПРОТОК Ако САД прифатат за една недела теснецот ќе биде отворен

Зборувајќи со странски амбасадори и дипломати во Техеран, иранскиот министер за надворешни работи рече дека Иран јасно ги објаснил своите услови за повторно отворање на теснецот и дека тие се поврзани со обврски што САД ќе мора да ги прифатат.

131

Ормутскиот теснец нема да биде повторно отворен сè додека не бидат исполнети седумте ирански услови наведени во јунскиот привремен договор со САД, изјави претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Калибаф, неколку дена откако Техеран го доби одговорот од Вашингтон на неговиот дипломатски предлог.

-Американците, кои во медиумите велат поинаку, неодамна изнесоа предлози преку посредници. Но, тие мора да разберат дека периодот на одложување на процесот и диктирање на еднострани барања е завршен. Ставот на Исламската Република Иран е целосно јасен и цврст, а Ормускиот Проток нема да биде отворен сè додека не се исполнат нашите седум услови, врз основа на Меморандумот за разбирање од Исламабад – рече Калибаф.






Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, изјави дека планот што го предложи Техеран за решавање на спорот со Вашингтон би можел да доведе до повторно отворање на Ормускиот Проток во рок од 7 дена, доколку биде прифатен.

Зборувајќи со странски амбасадори и дипломати во Техеран, Аракчи рече дека Иран јасно ги објаснил своите услови за повторно отворање на теснецот и дека тие се поврзани со обврски што САД ќе мора да ги прифатат.

Тој додаде дека Техеран се надева дека Вашингтон ќе избере дипломатија, но предупреди дека Иран е подготвен да одговори ако САД повторно изберат воена акција.

– Доколку повторно прибегнат кон воени решенија, ние сме поподготвени од порано и ќе направиме сè што е потребно за нашата одбрана -рече Аракчи.

Теснецот, кој е широк само 35 до 40 километри во најтесната точка, стана главен фокус на конфликт меѓу Иран и САД.

Нападите врз бродови во тој морски премин, кој е клучен за глобалната трговија со енергија, се случуваат повторно во последно време. Од почетокот на војната на крајот на февруари, Иран во голема мера го блокираше сообраќајот низ теснецот, со закани и напади врз бродови. Американската војска, исто така, напаѓа ирански цивилни бродови.

Поврзани содржини