РАСПОЛАГАЛ СО НЕДОЗВОЛЕНО ОРУЖЈЕ, ПРОДАВАЛ ДРОГА, А ЕДЕН ДЕТАЉ ГО ПОВРЗУВА И СО УБИСТВО Обвинителството за скопјанец бара притвор

Обвинителството го сомничи за две кривични дела поврзани со чување оружје и производство и продавање на дрога.

49

Скопското обвинителство поведе истрага против 33-годишен скопјанец за кривични дела – неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи и неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Како што соопшти обвинителството, при претрес во домот на осомничениот, полицијата открила и запленила поголемо количество оружје, муниција и експлозивна материја која на граѓаните им е забранета – една рачна бомба „М75“ со имплементирани метални кугли со дијаметар од околу 2мм со шрапнелско дејство, вкупно 240 куршуми со различен калибар, пиштол марка Црвена Застава со калибар 7.65 mm, со една рамка со седум куршуми, пиштол марка Берета, со рамка во која имало шест куршуми, како и околу 7 грама марихуана.






Во станот бил пронајден и клуч од мотор за кој постојат оперативни сознанија дека бил искористен при извршување на кривично дело убиство.

Бидејќи постојат околности што укажуваат дека мерката притвор е неопходна за непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до судот поднесе и предлог за определување на најстрогата мерка.

Притоа, јавниот обвинител ја истакна опасноста за бегство и можноста осомничениот да продолжи да врши кривични дела, како основ за определување на притворската мерка.

Поврзани содржини