КРИСТА ПАЈК ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА Осуденичката ја преживеа смртната казна без свест, интубирана и приклучена на респиратор

Криста Пајк, осудена на смрт за убиство извршено во 1995 година, останала жива и по две дози пентобарбитал. Адвокатите сега бараат преиначување на смртната казна.

79

Осуденичката на смрт од Тенеси, Криста Пајк, во четвртокот вечерта била без свест, интубирана и приклучена на респиратор, откако властите не успеале да ја погубат со смртоносна инјекција, соопштија нејзините адвокати во судските поднесоци, а пренесува Би-би-си.

Нејзините адвокати, кои ја застапуваат откако во 1996 година била осудена на смрт за убиството на Колин Слемер, сега бараат нејзината казна да биде преиначена по неуспешниот обид за извршување на смртната казна.






Неуспешно извршување на смртната казна

Криста Пајк требало да биде погубена со смртоносна инјекција, но извршувањето на казната не се одвивало според планот.

Во средата ѝ била вбризгана смртоносна доза пентобарбитал, а потоа и втора доза, но Пајк останала жива. По тоа, итно била пренесена во болница во Нешвил.

Според наводите на нејзините адвокати во судските документи, Пајк во четвртокот вечерта била без свест, интубирана и приклучена на респиратор, а нејзината состојба била опишана како критична.

Нејзините адвокати сега бараат смртната казна да ѝ биде преиначена по неуспешниот обид за погубување.

За што е осудена?

Пајк била осудена на смрт во 1996 година за убиството на Колин Слемер, извршено во 1995 година.

Во тоа време Пајк имала 18 години, додека Слемер, нејзината колешка и цимерка, имала 19 години.

Според пресудата, Пајк и нејзиното тогашно момче, Скот Кертис Меклерој, ја намамиле Слемер во шума во близина на кампусот на Универзитетот во Тенеси во Ноксвил.

Таму ја нападнале, ја тепале и ја прободувале со нож, а Пајк на крајот ја усмртила со големо парче асфалт.

Обвинителството тврдеше дека убиството било однапред планирано и поврзано со нивното уверување дека Слемер открила информации за нивното занимавање со вештерство.

Пајк била осудена за убиство и киднапирање, а поротата ѝ изрекла смртна казна.

Поврзани содржини