КАКО КРИСТА ЈА ПРЕЖИВЕА ЕГЗЕКУЦИЈАТА И ШТО ПОТОА? Осудената за убиство е на апарати за одржување во живот во болница во Тенеси

Најголемото правно прашање сега е дали Тенеси воопшто може повторно да се обиде да ја погуби Пајк. Американските судови досега дозволуваа повторен обид во случаи кога егзекуцијата била прекината пред навистина да биде внесен смртоносната супстанца, но кај Пајк беа вбризгани две дози и таа преживеа.

284

Осудениот убиец Криста Пајк е на апарати за одржување во живот во болница во Тенеси по неуспешниот обид да биде егзекутирана со смртоносна инјекција.

Нејзиниот случај, кој 30 години беше предмет на интензивни правни битки, сега покренува мноштво нови прашања: што точно тргнало наопаку и кои се следните чекори, како и какво страдање доживуваат затворениците кога егзекуцијата не оди според планот.






50-годишната Пајк беше осудена на смрт во 1996 година, на нејзина 18-годишна возраст, за убиството на 19-годишната Колин Слемер, кое го извршила со нејзиното тогашно момче, Тадарил Шип.

Егзекуцијата беше закажана за среда вечерта по локално време. Врховниот суд на САД ја одобри егзекуцијата во последен момент по правна битка. На Пајк ѝ беа вбризгани две смртоносни дози пентобарбитал, но нејзиното срце не престана да чука, а присутните сведоци изјавија дека можело да се чуе како ѝрчи.

Управата за извршување санкции на Тенеси го бранеше својот метод. Според институцијата, нивниот протокол не предвидува никакви дополнителни чекори по она што беше направено таа ноќ. Протоколот на државата не наведува јасно што да се прави ако осуденикот на смрт остане жив по втората доза.

Властите сè уште не објаснија зошто дозата не била фатална, а медицинските експерти имаат свои теории. Д-р Џоел Зивот, професор на Медицинскиот факултет на Универзитетот Емори, изјави за Би-Би-Си дека Пајк веројатно не достигнала доволно ниво на пентобарбитал во крвта за да предизвика респираторен и срцев застој. Нејзиниот правен тим го ангажираше Зивот како вештак.

Управата за извршување санкции на Тенеси рече дека Пајк е префрлена во надворешна медицинска установа. Еден од нејзините адвокати потврди дека болницата се обидува да ѝ го спаси животот. Нејзината точна состојба сè уште не беше позната.

– Многу е можно таа да има оштетување на мозокот поради доцнењето во реанимацијата – изјавил д-р Зивот за Би-Би-Си.

Гувернерот на Тенеси, Бил Ли нареди независна истрага за неуспешното погубување и ги забрани сите закажни погубувања до крајот на годината.

Меј Мартинез, мајката на убиената Колин Слемер изјави дека целиот настан бил „тотален хаос“.

Реагираа и противниците на смртната казна.

– Не можеме точно да знаеме што тргнало наопаку, бидејќи толку многу работи се случуваа зад сцената. Смртоносната инјекција се потпира на тајност во секоја фаза за да се скрие насилството на државата при одземањето човечки живот – рече Маја Фоа, извршен директор на меѓународната група за права Reprieve.

Гувернерот на Тенеси, Бил Ли, веднаш по настанот нареди независна, надворешна проверка на целиот случај и ги суспендираше сите други егзекуции во државата до крајот на 2026 година. Тоа значи дека засега е одложена и егзекуцијата на Гери Вејн Сатон, закажана за 3 декември. Ова е втор сериозен неуспех на егзекуција во Тенеси годинава: во мај кај Тони Карутерс тимот повеќе од еден час не успеа да обезбеди соодветен венски пристап, па постапката беше прекината.

Најголемото правно прашање сега е дали Тенеси воопшто може повторно да се обиде да ја погуби Пајк. Американските судови досега дозволуваа повторен обид во случаи кога егзекуцијата била прекината пред навистина да биде внесен смртоносната супстанца. Најпознат е случајот со Ромел Брум во Охајо, кај кого медицинскиот тим не успеал да постави интравенска линија. Врховниот суд на Охајо оцени дека егзекуцијата фактички не започнала и дозволи нов обид. Слично, Врховниот суд на САД во контоверниот случај со 17-годишниот Вили Френсис во 1947 година дозволил второ погубување, откако електричната столица не успеала да го усмрти првиот пат.

Но, случајот на Пајк е правно многу понеобичен. Кај Брум смртоносниот лек никогаш не бил даден, додека кај Пајк биле дадени две дози. Затоа не е однапред јасно дали судовите би го третирале случајот на ист начин. Не постои автоматско правило дека со преживувањето на егзекуцијата смртната казна престанува да важи, но исто така нема едноставна процедура со која државата само би можела повторно да ја стави на погубување. Доколку Пајк остане жива, државата би морала повторно да бара судско одобрување и нов датум за извршување на смртната казна, а нејзината одбрана речиси сигурно би го оспорила тоа врз основа на забраната на сурово и невообичаено казнување и правилата против двојно казнување.

Пајк беше осудена за убиство од прв степен, а во текот на годините не го оспоруваше самото убиство, туку одбраната тврдеше дека нејзината возраст, тешката историја на сексуално и физичко насилство и нејзината ментална состојба не биле соодветно земени предвид при изрекувањето на смртната казна.

🎥 КРИСТА ПАЈК ПРЕЖИВЕА ДВЕ СМРТОНОСНИ ИНЈЕКЦИИ Тенеси не успеа да ја изврши смртната казна, осудената пренесена во болница

Поврзани содржини