ПЕНТАГОН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГОЛЕМА ПРОМЕНА Хегсет ќе ги намали генералските и адмиралските позиции за 20 отсто

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет ќе го претстави планот во Квантико, а промените во Армијата, Морнарицата, Воздухопловните сили и здружените сили треба да бидат спроведени до 1 јануари 2027 година.

0

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет ќе објави план за намалување на бројот на систематизираните позиции за генерали и адмирали во американската војска за 20 отсто, како дел од пошироката реорганизација на Пентагон.

Според „Фокс њуз“, Хегсет планот треба да го објави во среда, 30 септември, за време на неговото обраќање за состојбата на американските вооружени сили во Квантико, Вирџинија.






Според меморандуми што ги прегледал телевизискиот канал, Хегсет претходно овој месец одобрил планови за намалување на бројот на генералски и адмиралски позиции во Армијата, Воената морнарица, Военото воздухопловство и здружените сили.

Промените треба да бидат спроведени до 1 јануари 2027 година.

Од Министерството за одбрана за „Фокс њуз“ појасниле дека најновата мерка се однесува на бројот на систематизирани позиции – односно места предвидени за офицери со генералски или адмиралски чин – а не значи дека 20 отсто од офицерите кои моментално ги имаат тие чинови ќе бидат отпуштени.

Дел од позициите, според извештајот, може да бидат укинати, додека други би можеле да бидат променети во позиции со понизок чин.

Најавената мерка претставува продолжување на планот за намалување на бројот на највисоките воени позиции што Хегсет го започна во 2025 година. Тогаш тој нареди најмалку 20 отсто намалување на активните позиции со четири ѕвезди, најмалку 20 отсто намалување на генералските позиции во Националната гарда и дополнително најмалку 10 отсто намалување на генералските и адмиралските позиции во рамките на реорганизацијата на командната структура.

Хегсет во мај 2025 година ја опиша политиката како „помалку генерали, повеќе војници“, со образложение дека намалувањето на непотребните нивоа во командната структура треба да придонесе за поефикасно функционирање на вооружените сили.

Поврзани содржини