ОТСТРАНЕТА ДИВАТА ТЕРАСА НА „МАЛАГА“ Патеката им е вратена на пешаците

72

Општина Центар ја отстрани металната конструкција на улица Даме Груев, кај слаткарницата „Малага“. Со нејзиното демонтирање, пешачката патека повторно е слободна за движење.

– Го расчистивме просторот и го вративме на пешаците, на кои им припаѓа. Јавните површини мора да бидат слободни и достапни за сите – рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.






Конструкцијата, која претходно се користеше како тераса, ја зафаќаше пешачката зона и го попречуваше нормалното движење во строгиот центар на градот.

Поврзани содржини