ПАРТИЈАТА НА ФИЛИПЧЕ Е ВО ИЗУМИРАЊЕ Се противат на рудници, дата центри, на сè што води кон економски раст

Венко Филипче секој ден вели дека нема да дозволи распродажба на Македонија, а токму Зоран Заев даде сè што можеше да даде и да распродаде, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

2

 

Венко Филипче со јавните настапи изгледа очајно, а партијата му е во изумирање, па затоа нека се посвети малку на консолидирање, му порача денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.






– Венко Филипче и актуелното раководство секој ден се противат на сè што води кон економски раст и подобар животен стандард. Секој ден се противат на нешто и најавуваат блокади. Филипче вели дека СДСМ ќе го блокира отворањето на нови рудници. СДСМ е и против нови индустрии и дата центри. Исто така, секој ден вели дека нема да дозволи распродажба на Македонија, а токму Зоран Заев даде сè што можеше да даде, и со речникот на Филипче, распродаде – рече Петрушевски.

Очигледно има една цел, да се задржи на политичката сцена и ништо повеќе, бидејќи партијата му е во изумирање, додаде тој.

– Со ова Филипче покажува дека нема капацитет разумно да расудува и да размислува. А има само еден факт и тој е јасен – токму криминалите и распродажбата на државата го сместија СДСМ во длабока опозиција – вели Петрушевски.

Поврзани содржини