ГО ОХРАБРУВАМЕ ФИЛИПЧЕ ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГО ВОДИ СДСМ На ВМРО-ДПМНЕ му одговара токму тој да е на чело на опозицијата

Тоа што Венко Филипче ја напаѓа ВМРО-ДПМНЕ за деликатноста на внатрепартиските состојби и поделеноста во СДСМ е само со цел да го оттргне вниманието од проблемите и да се обиде да ја задржи кохезијата внатре во партијата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

156

Ја разбираме состојбата во која се наоѓа Венко Филипче и бројните внатрепартиски проблеми во кои се наоѓа неговата партија, порача денеска ВМРО-ДПМНЕ, откако поранешни функционери од СДСМ од Платформата 12.05 најавија дека ќе работат на смена на лидерот на СДСМ.

„Тоа што Венко Филипче ја напаѓа ВМРО-ДПМНЕ за деликатноста на внатрепартиските состојби и поделеноста во СДСМ е само со цел да го оттргне вниманието од проблемите и да се обиде да ја задржи кохезијата внатре во партијата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






Владејачката партија порача дека за нив најдобро е токму Филипче да остане на чело на СДСМ.

„Од аспект на ВМРО-ДПМНЕ, вистината говори дека за нас нема подобро решение од тоа Венко Филипче да биде претседател на СДСМ. Го охрабруваме да не се откажува и да продолжи да го води СДСМ“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Членови на СДСМ од Платформата 12.05 вчера најавија дека ќе работат на формирање на опозициски фронт, а СДСМ ќе биде стожер на обедувањето, но без актуелното раководство, туку со ново. На ова Филипче им одговори да се вразумат.

ПРВО ЌЕ ГО СРУШАТ ФИЛИПЧЕ, ПА ЌЕ ЈУРИШААТ КОН ВЛАСТА Платформата 12.05 се одважи да се справи со колабираниот СДСМ и да создаде опозициски фронт

Поврзани содржини