🎥 ОВА Е АВТОПЕН, ОДНОСНО БАЈДЕН Кинескиот претседател гласно се насмеа кога го виде „портретот“ на претходникот на Трамп

Белата куќа објави на социјалните мрежи видео во кое Трамп го води Си низ Белата куќа, а потоа застанува на таканаречената „Претседателска патека на славните“, каде што има портрети и плочи посветени на американските претседатели.

211

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, му покажа на кинескиот претседател Си Џинпинг врамена фотографија од автопен на местото на кое треба да стои портретот на неговиот претходник Џо Бајден, на што Си гласно се насмеа.

Опуштениот момент помеѓу Трамп и си се случи за време на прошетка низ Белата куќа.






Белата куќа објави на социјалните мрежи видео во кое Трамп го води Си низ Белата куќа, а потоа застанува на таканаречената „Претседателска патека на славните“, каде што има портрети и плочи посветени на американските претседатели.

– Ова е Автопен, односно Бајден – рече Трамп, покажувајќи кон сликата, на што Си, кој инаму е многу воздржан во јавните настапи, гласно се насмеа.

Одлуките и извршните наредби на Бајден беа често потшишувани со автоматско пенкало, а не своерачно. Трамп изрази сомнеж дали воопшто Бајден го користел автопенот или луѓето од неговото опкружување, поради што ги поништи сите извршни наредби на Бајден со се потпишани на тој начин.

Фото: Принтскрин
Поврзани содржини