ПОКРЕНАТА ИСТРАГА ЗА НАПАДОТ ВРЗ ГИНЕКОЛОГОТ ОГНЕНОВИЌ Напаѓачот доби забрана да му се приближува на лекарот

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување повеќе мерки на претпазливост.

86

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение за сторено кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Според доказите обезбедени до овој момент, на 16 септември, во приватна ординација во склоп на поликлиниката „Букурешт“, осомничениот извршил грубо насилство врз, лекар-гинеколог кој бил на неговото работно место. Му се заканували физички го нападнал со повеќе удари, а предизвикал чувство на несигурност, загрозеност и страв и кај други присутни во ординацијата“ – се вели во соопштението на ОЈО Скопје.






Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување повеќе мерки на претпазливост со цел обезбедување на осомничениот и забрана тој да се приближува до оштетениот и до ординацијата.

МУ СКРШИЛЕ ВРАТЕН ПРШЛЕН НА ГИНЕКОЛОГ ДОДЕКА ПРЕГЛЕДУВАЛ ПАЦИЕНТКИ Огненовиќ се сомнева дека некој сака да го отстрани од поликлиниката „Букурешт“

 

Поврзани содржини