ШАСИВАРИ ЌЕ ГО ПРЕЗЕНТИРА РЕШЕНИЕТО ЗА ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ Во октомври ќе одржи средба со студентите и со деканите
Министерот за правда Јетон Шасивари во првата половина на октомври ќе ги повика на консултативно-информативна средба студентите и деканите на факултетите за да им го презентира законското решение за начинот на полагање на правосудниот испит.
– Во овој период поднесени се пет барања од пет студентски асоцијации. Три бараат на албански јазик, едно бара на англиски јазик и едно бара на англиски и на турски јазик. Бидејќи на овие пет универзитети се изведуваат правни студии од прв и втор циклус, односно магистерски студии, на јазиците што ги споменав, значи покрај македонскиот јазик, и на албански, англиски и турски јазик. Во оваа насока, од значење се и меѓународните и европските стандарди. Нивното почитување е многу важно во однос на овој инклузивен, односно сеопфатен пристап – изјави Шасивари.
Тој најави дека по консултациите институциите ќе ги преземат понатамошните чекори.