СТРАОТНА НЕСРЕЌА, ЗАГИНАА ДВЕ 20-ГОДИШНИ ДЕВОЈКИ „Голф“ излета во клисура кај Коњиц

Возачот, А.Б., се здобил со тешки повреди, а уште двајца патници во возилото се повредени.

146

Две 20-годишни девојки од Сараево ги загубија животите, а возачот е тешко повреден откако автомобил „голф“ излета во клисура во местото Брадина, во близина на Коњиц, соопшти Министерството за внатрешни работи на Херцеговачко-неретвскиот кантон (ХНК).

Во возилото имало уште две лица, чиј степен на повреди засега не е прецизиран.






„Во оваа сообраќајна несреќа загинаа патниците од возилото, А.М. и Н.З. од Сараево. Возачот, А.Б., се здобил со тешки повреди. Повреди со неутврдена тежина се здобиле патниците, А.Ј. (20) од Илиџа и Д.Д. (20) од Сараево“ – соопшти полицијата.

Според пишувањата на медиумите, несреќата се случила синоќа околу 23:45 часот на магистралниот пат М-17. На местото на настанот излегле надлежн екипи за утврдување на точните причини кои довеле до оваа сообраќајна несреќа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Crna Hronika BiH (@crnahronikabih)

Поврзани содржини