ТИК-ТОК ПРЕДИЗВИК ЗАВРШИ ТРАГИЧНО ЗА ДВАЈЦА ТИНЕЈЏЕРИ Возеле ноќе со исклучени фарови!?

Михај и Андреј, стари едвај 18 и 19 години, загинаа во несреќата на патот во Прахова. Третото момче, кое седело на задното седиште, успеало да преживее.

30

Две момчиња, на возраст од 18 и 19 години, загинаа во тешка сообраќајна несреќа во романскиот округ Прахова, а сè поради ТикТок предизвик, тврдат романски медиуми,. Според наводите на романскиот портал „Observator News“, момчињата се обиделе да го повторат предизвикот што го виделе на ТикТок. Наводно, сакале да соберат што повеќе прегледи.

За време на ноќното возење ги изгаснале фаровите, а само неколку секунди подоцна автомобилот излетал од патот и удрил во дрво. Михај и Андреј загинаа во несреќата, а третото момче, кое седело на задното седиште, успеало да преживее.






Преживеаното момче раскажало што се случило непосредно пред несреќата.

– Сакавме да одиме во паркот. Се возевме и мојот пријател, се шегуваше и за да ме исплаши рече дека ќе ги угасне светлата… фаровите. Ги изгасна на околу две секунди, а потоа повторно ги запали и додаде гас. Беше многу блиску до кривината и баш тогаш, во кривината, повторно забрза – раскажало преживеаното момче, пренесува Б92.

Автомобилот во кој се наоѓале тројцата пријатели се движел по патот DJ 140, во општината Пучењи Мари. Во кривината, осумнаесетгодишниот возач ја изгубил контролата врз возилото, излетал од патот и силно удрил во дрво.

Деветнаесетгодишниот Михај, кој седел на местото на совозачот, починал на лице место. Возачот Андреј, стар 18 години, бил пренесен во болница, но неколку часа подоцна и тој им подлегнал на повредите. Преживеаното момче рече дека во еден момент постоела можност автомобилот да не удри во дрвото.

– Да не го свртеа воланот, ќе завршевме во поле со пченка и ќе беше подобро. Сврте налево и удривме во дрво – рече тој.

Сведоци тврдат дека осумнаесетгодишниот возач пред несреќата возел многу брзо, околу 120 километри на час.

Полицијата покрена кривична постапка за предизвикување сообраќајна несреќа со смртен исход. Истрагата треба да ги утврди сите околности и што точно довело до трагедијата.

Само во текот на минатата година, на патиштата во Руманија животот го изгубиле речиси 1.300 луѓе, додека повеќе од 3.000 лица здобиле тешки повреди.

Поврзани содржини