ОВА СЕ ПОСЛЕДНИТЕ ЗБОРОВИ ШТО СИНОТ НА СИНДИ КРАФОРД МУ ГИ ПОСВЕТИЛ НА ТАТКО МУ Семејството на Присли Гербер никогаш не кренало раце од него

Семејството на Присли Гербер јавно му давало поддршка во периодот кога тој се обидувал да го најде патот кон опоравувањето, а неговите објави од последните месеци од животот, по неговата смрт добија особено емотивна тежина.

410

Само неколку месеци пред смртта, Присли Гербер отворено зборувал за своите проблеми и обидите да најде пат кон опоравување. Во март на Инстаграм споделил детали за третманот со ибогаин во Мексико, а неговите родители и сестрата Каја Гербер тогаш му оставиле емотивни пораки за поддршка.

– Ти си воин! Помина низ оган за да се пронајдеш себеси! Толку сум горда! – му напишала Синди.






Каја му порачала:

– Тоа е мојот брат. Толку сум горда – додека нивниот татко Ренди напишал дека се гордее со неговата храброст и со силата да се соочи со тешкиот период.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Presley Gerber (@presleygerber)

Присли тогаш многу отворено го опишал своето искуство со ибогаинот, психоактивна супстанција добиена од растението ибога. Третманот го побарал во Мексико, а признал дека пред него бил преплашен.

– Знаев зошто сум таму. Се соочив со она од кое бегав и некаде во сето тоа повторно почнав да го наоѓам патот кон себе – напишал тој, додавајќи дека се надева оти тоа ќе биде последниот пат кога ќе мора да се враќа на таков третман.

Во последните месеци од животот Присли сè поотворено зборувал и за проблемите со менталното здравје и користењето различни лекови. Минатата година најавил дека ќе се повлече од социјалните мрежи за да се посвети на своето ментално здравје, а еден месец подоцна објавил искрено видео во кое зборувал за ноќните стравови и нападите на паника.

Тој открил и дека зема бупренорфин и зборувал за употребата на бензодиазепини, како што се Ксанакс и Валиум. Притоа тврдел дека не добивал доволно јасни упатства од лекарите за начинот на кој треба да ја зема терапијата.

– Секој психијатар што сум го имал, а имав 15, ми велеше: Еве ти 20 лекови, земи го овој ако се чувствуваш вака, овој по потреба. А јас велев: Не, немојте да ми давате толку голема слобода. Ми требаат јасни упатства – зборувал Присли.

Неговата сестра Каја неодамна за „Вог“ откри колку проблемите на нејзиниот брат влијаеле врз целото семејство. Таа објасни дека поради ситуацијата со Присли почнала да се доживува себеси како „дете со кое е лесно“ и не сакала да бара помош, бидејќи имала чувство дека за родителите би било премногу доколку имаат две деца на кои им е потребна нивната помош.

Во исто време, таа ја пофалила одлуката на брат ѝ јавно да зборува за своите проблеми, особено затоа што нивните родители додека тие растеле строго ја чувале приватноста на семејството.

Само неколку месеци пред смртта, Присли објави и особено емотивна порака посветена на својот татко.

– Го имам најдобриот татко на светот. Никогаш не се откажа од мене. Секогаш е тука за мене. Секогаш го има најдобриот совет за мене. Го ценам овој човек повеќе отколку што може да се опише со зборови. Те сакам, тато – напиша тој покрај нивна заедничка фотографија.

Ренди му одговара дека му е чест што минува низ животот заедно со него и додава: – Понекогаш можеби ќе паднеме, но со малку помош секогаш повторно стануваме. Те сакам засекогаш, През.

Присли Гербер почина на 20 септември во установа за рехабилитација, според податоците на Канцеларијата на медицинскиот истражител на округот Лос Анџелес. Имаше 27 години, а причината за смртта засега не е објавена. Неговото семејство преку претставник замоли за приватност во овој тежок период.

Присли тргна по стапките на мајка си и почна да се занимава со манекенство уште на 15 години. Во текот на кариерата работел за големи модни имиња, меѓу кои „Dolce & Gabbana“ и „Calvin Klein“, но последните години сè поотворено зборувал за личните проблеми и за своето ментално здравје.

Поврзани содржини