ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК ДОЖД До среда ќе дува силен ветер

До крајот на работнава седмица ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди. Од попладневните часови од петок повторно се очекуваат врнежи. До среда ќе дува засилен северен ветер кој на моменти ќе надминува брзина од 50 km/h.

136

Времето в понеделник, 20 септември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта кон вторник.

Температурите ќе бидат во интервал од 12 до 32 степени.






Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина од 40 km/h.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има повремени врнежи од дожд и засилен ветер.

До крајот на работнава седмица ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди. Од попладневните часови од петок повторно се очекуваат врнежи. До среда ќе дува засилен северен ветер кој на моменти ќе надминува брзина од 50 km/h.

Поврзани содржини