OД „ЗНАЕШ КОЈ СУМ ЈАС“ ДО КОБНА ТРАГЕДИЈА НА ГРЧКА ПЛАЖА Бизарна расправија за лежалка меѓу пензионери

82-годишен маж починал по бизарен инцидент во познатото атинско одморалиште Вуљагмени. Според пренесените сведоштва, сè почнало со расправија за место на плажата меѓу него и 76-годишен маж.

496

Расправија за лежалка на плажа во Вуљагмени завршила трагично за 82-годишен маж, откако вербалниот конфликт со друг посетител прераснал во физичка пресметка.

Инцидентот започнал нешто пред 10 часот, кога 82-годишникот пристигнал на плажата со сопругата и се сместиле на лежалките. Набргу потоа пристигнал 76-годишен маж во друштво на 21-годишна девојка.






Меѓу двајцата мажи избувнала расправија околу лежалките, која брзо ескалирала.

Според сведоштвата што ги пренесуваат грчките медиуми, во еден момент 82-годишникот револтирано извикал

„Знаеш ли кој сум јас? Јас сум од Воената морнарица!“

По ова, вербалната расправија преминала во физички конфликт.

Од достапниот дел од првичниот извештај не може прецизно да се утврди што се случувало во следните моменти и на кој начин физичката пресметка е поврзана со смртта на 82-годишникот.

Поврзани содржини