📽️ МАЃАР ДОБИ ВИНО В ЛИЦЕ, ГО НАРЕЧЕ НАПАЃАЧОТ „ОРБАНОВ ВОИН“ Премиерот на Унгарија остана на фестивалот

Маѓар не го прекинал престојот, а снимката од инцидентот ја објавил на социјалните мрежи. Во својата реакција човекот го нарекол „пропаднат Орбанов воин“ и напишал дека човекот се напил за да собере храброст за да го нападне.

228

Чаша полетала кон премиерот на Унгарија додека бил меѓу посетителите на традиционалниот фестивал во Сексард. Маж го полеал унгарскиот премиер додека чекал храна, а обезбедувањето веднаш го одвело од местото.

Маѓар не го прекинал престојот, а снимката од инцидентот ја објавил на социјалните мрежи. Во својата реакција човекот го нарекол „пропаднат Орбанов воин“ и напишал дека човекот се напил за да собере храброст за да го нападне.






Премиерот на Унгарија навел дека човекот не се осмелил да му пријде и да го погледне в очи. Реакцијата ја завршил со иронија – му било жал за доброто сексардско вино.

На снимката се гледа како обезбедувањето го одведува мажот, додека Маѓар останува на фестивалот. Унгарските медиуми забележуваат дека од видеото не може сосема јасно да се утврди каква течност имало во чашата, додека самиот Маѓар во објавата зборува за вино.

Поврзани содржини