Домино за почетници
Македонскиот невладино-активистички сектор ретко кога пропуштил бран што доаѓа како домино-ефект од регионот. Кога во соседството се тестираат нови методологии за изнесување на народот на улица и канализирање на незадоволството, кај нас обично брзо се преведуваат и прилагодуваат истите прирачници. Затоа и само по себе се налага прашањето: Која е следната иновација што ќе ни ја продадат како автентичен пламен на народот?
Исто како и секоја театарска сцена така и секоја политичка сцена има свои актери, но кај вториве, некои пред сè евтино провидни перформанси, се толку пати повторени што публиката илити електоратот веќе однапред го знае секој потег. И тоа не е случај само со Македонија.
Невладината настојчивост е универзален феномен. Тоа е онаа група на одбрани платеници, дежурни душегрижници, која со години го окупира јавниот простор, претставувајќи се како монопол врз вистината и прогресот, а зад себе оставајќи само деструкција, поларизација и институционален хаос.
Во Словенија на пример тоа се платформите како Глас Људства (Glas Ljudstva) или невладината Институт Осми Марец (Inštitut 8. marec), испилени во камповите, поточно фармите на Обама низ Европа. Нивната основна и плитко емотивна премиса: „Само да не е Јанша“ е инструментот со кој словенечкото општество се дели и разградува повеќе од дваесет години. Омразата кон поединецот како своевидна компензација за отсуството на политичка визија и чувството за глобалната политичка реалност. Со последната промена на власта, поточно со враќањето на Јанез Јанша на власт сведоци сме на повторното активирање на горепосочените системски паразити. И сето тоа, за жал, беше повеќе од предвидливо, земајќи го в обзир криминалното владеење на претходната власт, каде освен невладините сите други сегменти во општеството или стагнираа или пропаѓаа, и тоа рапидно. Но, тоа што, за жал, ретко кој можеше да го предвиди е фактот што на најновите протести против владата на Словенија учествува и огромен број на илегални мигранти. Ете таа коалиција никој не ја предвиде. Всушност ретко кој можеше да помисли дека невладините таму ќе паднат толку ниско активирајќи ја својата војска од илегални мигранти, кои за волја на вистината за време на минатата влада самите неограничено ги увезоа. Тоа е всушност најпоразителното спознание на овие најнови протести, манифестација за бездушната омраза не само кон владата туку и кон секој граѓанин во словенечкото општество.
Денес е тешко да се предвиди дали се работи за туѓа команда или е тоа сепак идеја на некојси закржлавен и малициозно краткоглед локален невладин ум. Како и да е, надграденото деструктивно сценарио од протестите од 2020-2022 година веќе се повторува и останува единствено надежта дека овој пат владата ќе има капацитет да се справи со оваа ситуација.
Во Србија на пример, која за разлика од Словенија, беше далеку поранлива како општествен систем, пред сè поради бесмислените војни во блиското ни минато, овој проблем со невладината деструкција на општеството е далеку покомплексен. Но, на крајот целта е брутално иста, парализа, ранливост и дисфункционалност на државата. Од Отпор во 1998 година, преку Канвас од 2004 година, па сè до сегашново Студенти Побеѓују движење, кое е всушност пресликаниот „и шуто и рогато“ македонски шарен концепт, невладината клика во Србија се обидува непосредно или посредно да го превземе кормилото на државата.
На прв поглед тоа се различни географски точки, но матрицата е апсолутно идентична. Создавање перформанс на загриженост, амбалажиран во допадливи фактури за младите, чија единствена цел е суптилно да се преканализира општественото незадоволство во политички профит. Оваа регионална кореографија не е случајна. Таа служи како директна инспирација и поттик за домашната гарнитура, независно дали се работи за Македонија, Словенија или Србија. Во суштина се работи за анатомијата на еден пресликан концепт. Но, ако се направи една подлабока анализа на методологијата брзо се забележува дека т.н. граѓански сектор го загуби својот суштински идентитет. Наместо да биде коректив на власта и заштитник на обичниот човек, тој се претвори во бирократизирана структура која функционира исклучиво за сопствени интереси.
Довербата на граѓаните, и тоа со целосно право, кон овие актери денес е на историско дно.
Во очите на јавноста, оваа мрежа од организации и нивните експоненти сè помалку се доживува како невладино ткиво, а сè повеќе како затворена корумпирана каста која:
-
Опструира автентичен развој: Секој реален проект од типот на дата центри, рудници, ветерни електрани и сл., или пак идеја за економски и општествен напредок се дочекува со автоматизиран скептицизам и институционални блокади.
-
Служи за партиски прегрупирања: Наместо независност, секогаш кога ќе се отвори простор во традиционалните партиски матрици (како актуелните процеси во опозицискиот СДСМ), истите фигури се појавуваат како креатори на новите партиски агенди.
-
Увезува туѓи агенди: Наместо да ги решава реалните, секојдневни проблеми на македонските граѓани, овој сектор најчесто реплицира застарени регионални и глобалистички матрици кои немаат никаква врска со домашниот контекст.
Денес влијанието на истрошените невладини пароли веќе го нема истиот ефект врз пошироката јавност. За среќа и младите генерации во Македонија растат во дигитална ера каде информациите се достапни веднаш, па обидите за манипулација лесно се разобличуваат. Здраворазумскиот дел од општеството веќе знае дека вистинската стабилност и развој нема да дојдат преку рециклирани регионални невладини рецепти, затворен круг на опструкции и слични будалаштини. И тоа е всушност она што овие деструктивни концепти постојано одбиваат да го прифатат. Сопствената си ненужност. Фактот дека времето и околностите се менуваат. Можеби точно затоа и прибегнуваат кон коцептите на тотален хаос, како што се протестите во коалиција со илегалните мигранти во Словенија или пресликаниот „и шуто и рогато“ во Србија.
Македонскиот невладино-активистички сектор ретко кога пропуштил бран што доаѓа како домино-ефект од регионот. Кога во соседството се тестираат нови методологии за изнесување на народот на улица и канализирање на незадоволството, кај нас обично брзо се преведуваат и прилагодуваат истите прирачници. Затоа и само по себе се налага прашањето:
Која е следната иновација што ќе ни ја продадат како автентичен пламен на народот?
А кога следниот пат ќе ви понудат „спонзориран револуционерен концепт“, не гледајте во транспарентите. Гледајте во режисерот кој стои зад задвесата со прирачникот во рака и брои, не актерите, туку дали публиката добро ги научила своите чекори.