ПАРАДОКСОТ НА СДСМ Соопштенијата му ги пишува ЧатЏПТ, а се противи на дата центри

Тие се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис, порача ВМРО-ДПМНЕ.

117

На СДСМ соопштенијата му ги пишува вештачката интелигенција, а се против изградба на дата центри, порача ВМРО-ДПМНЕ.

„Талогот полека пресушува, па влегува во сопствени парадокси. Утрото пишуваат соопштенија со ЧатГПТ, во моменти кога на Зоран Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДСМ користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис. Е, тоа е парадоксот и лицемерието на Венко Филипче, Зоран Заев и нивната дружина“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






Оваа партија стана приватен клуб на Зоран Заев и неговите полтрони како Венко Филипче, се додава во соопштението.

„Но, додека Венко е на чело на СДСМ, ова СДСМ нема никакви шанси да порасне и да зајакне“, потенцира партијата.

Поврзани содржини