МИЛИ БОБИ БРАУН И ЏЕЈК БОНЏОВИ ПОСВОИЈА ВТОРО ДЕТЕ Актерката и нејзиниот сопруг во заедничка објава му посакаа добредојде на бебето

Мили Боби Браун и Џејк Бонџови го добија второто дете преку посвојување и ја споделија првата фотографија на која се гледа само рачето на бебето. Минатата година парот посвои девојче.

47

Мили Боби Браун и нејзиниот сопруг Џејк Бонџови го проширија семејството, а актерката сега ја сподели и првата фотографија од нивното второ дете. На фотографијата се гледа само малото раче на бебето.

– Здраво, малечок! – напишаа тие во заедничката објава на Инстаграм.






Веста дека парот добил второ дете преку посвојување прв ја објави „Пипл“, повикувајќи се на извор близок до семејството. Подоцна самите Мили и Џејк ја потврдија веста со фотографијата. Овојпат станува збор за машко дете.

Дваесет и двегодишната ѕвезда на „Stranger Things“ и 24-годишниот Џејк, син на музичарот Џон Бон Џови, веќе имаат едно посвоено дете. Ќерката ја добија во август 2025 година, но и тогаш одлучија да не го откриваат нејзиното име и да не го покажуваат нејзиното лице.

Мили претходно објасни дека за неа е особено важно да ја заштити приватноста на своите деца. Во интервју за „Бритиш Вог“ рекла дека не сака намерно да ја изложува својата ќерка на јавноста без таа да може сама да избере дали некогаш ќе го направи тоа.

– Како нејзини родители, наша работа е да ја заштитиме – објаснила актерката.

Посвојувањето, инаку, не било спонтана одлука за Мили. Таа во јуни годинава раскажа дека уште како дете сонувала еден ден да посвои дете. Во интервјуто со Кајли Келси откри дека посвојувањето отсекогаш било дел од нејзината замисла за семејство, а подоцна кажа и дека две години студирала социјална работа, при што особено се интересирала за процесот на посвојување.

Мили и Џејк се во врска од 2021 година, се свршија во 2023, а во 2024 година се венчаа на приватна церемонија во Тоскана. Оттогаш внимателно го чуваат семејниот живот од очите на јавноста, па и овојпат решија со јавноста да споделат само мал дел од среќниот момент.

 

Поврзани содржини