БРАТОТ НА ДИЈАНА ГО ОБВИНИ ЧАРЛС ЗА „ОГРОМЕН ПРЕЗИР“, ПАЛАТАТА ВОЗВРАТИ Чарлс Спенсер тврди дека кралот рекол дека семејството ќе ја заборави

Братот на принцезата Дијана тврди дека тогашниот принц од Велс покажал „огромен презир“ кон неа по трагедијата во Париз. Бакингемската палата овојпат не премолче и излезе со невообичаено остра реакција.

85

Кралот Чарлс Трети преку Бакингемската палата одговори на тешките обвинувања што ги изнесе Чарлс Спенсер, братот на покојната принцеза Дијана. Во пресрет на објавувањето на неговата книга „Лебедова песна“, Спенсер тврди дека однесувањето на тогашниот принц од Велс по смртта на Дијана откривало длабок презир кон неа.

Извадоци од книгата беа објавени во „Дејли меил“, а едно од најсилните тврдења се однесува на зборови што Спенсер му ги припишува на Чарлс непосредно по смртта на Дијана во Париз на 31 август 1997 година.






Според Спенсер, Чарлс рекол дека кралското семејство „наскоро ќе ја заборави“ Дијана.

Палатата возврати со тагата и сеќавањата

Бакингемската палата ретко влегува во директни препукувања околу книги за кралското семејство, но по овие обвинувања објави остро формулиран одговор.

– Иако вообичаено не коментираме книги, Неговото Височество е свесен дека тагата од губењето близок член на семејството може да го замагли расудувањето и да ги обои сеќавањата на начин што другите не го препознаваат, дури и многу години по таквата загуба – соопшти портпаролот на кралот.

Спенсер, пак, оди чекор понатаму. Тој тврди дека зборовите на Чарлс по трагедијата го покажувале неговиот „акумулиран презир кон Дијана“ и неговото негодување поради огромната реакција на јавноста на нејзината смрт.

Хари и Вилијам оделе зад ковчегот

Братот на Дијана повторно го отвора и едно од најчувствителните прашања од нејзиниот погреб – одлуката принцовите Вилијам и Хари да одат зад ковчегот на својата мајка.

Спенсер тврди дека уште тогаш бил загрижен поради таквата одлука и дека разговарал за тоа со Чарлс. Вилијам имал 15, а Хари само 12 години кога на 6 септември 1997 година чекореа зад ковчегот низ Лондон.

Поврзани содржини