СРБИЈА ПОЧНА ДА СКЛОПУВА ИЗРАЕЛСКИ ДРОНОВИ ЗАД ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ Вучиќ најави уште најмалку три фабрики

Новинарите не биле поканети поради доверливоста на производството, а точната локација на погонот не е објавена. Фабриката ќе склопува израелски дронови за српската војска, но и за извоз.

89

Српскиот претседател Александар Вучиќ отвори фабрика за склопување дронови од израелско производство и веднаш најави најмалку уште три вакви погони. Две од идните локации, според него, веќе се определени, а фабриките треба да бидат во близина на аеродроми.

Јавноста, сепак, не доби можност да види што има зад вратите на новиот погон. Вучиќ рече дека новинарите не биле поканети поради доверливоста на производствениот процес. Дел од дроновите беа прикажани на видео.






Фабриката е отворена во соработка со израелската компанија Elbit Systems и српскиот државен производител „Југоимпорт-СДПР“. Се очекува да вработува околу 100 луѓе и да произведува опрема за Војската на Србија и за други земји.

Вучиќ најави дека со израелските партнери ќе продолжи развојот на воените капацитети, зборувајќи и за создавање „дигитална армија“. Како цел го наведе зајакнувањето на способноста на Србија да одврати потенцијални напади.

Отворањето доаѓа среде предизборна кампања во Србија. Предвремените парламентарни избори се закажани за 25 октомври, а Вучиќ најави дека на 27 септември ќе поднесе оставка од претседателската функција и потоа ќе ја продолжи кампањата како граѓанин.

Поврзани содржини