🎥 ПО КУСО ЗАТИШЈЕ, ЖЕСТОК НАПАД ВРЗ КИЕВ На удар фабрики за дронови и дата-центар

Овој центар обработуваше, пренесуваше и складираше податоци, вклучително и разузнавачки информации, за украинските вооружени сили“ – информира руското министерство.

186

Русија по неколкудневна пауза повторно изврши напади со балистички ракети врз Украина, при што рано утрово беше погоден и главниот град Киев, додека Украина со беспилотни летала напаѓаше цели во Русија.

Според воени информации објавени преку „Телеграм“, кон Киев биле истрелани околу шест пренаменети противбродски ракети „Циркон“, а дописниците на светските агенции јавуваат за силни детонации во градот.






Градоначалникот Виталиј Кличко соопшти дека се предизвикани штети врз деловни објекти, магацин и станбена зграда… Најмалку 11 лица се повредени, напиша Кличко на „Телеграм“.

Според руското Министерство за одбрана, нападнати се погони за производство на беспилотни летала во Киев и регионот на Киев. Нападите биле извршени со употреба на прецизно оружје од копно, море и воздух.

„Погоден е објект што произведува и складира разни видови беспилотни летала, вклучувајќи го и беспилотното летало RAX-2X со среден дострел; и објект за производство на беспилотни летала (Pegas Arms LLC), кој произведува и складира беспилотни летала со долг и среден дострел.

Претходно, руски воен персонал го нападна најголемиот центар за податоци во Украина, кој поддржуваше сервери што се користат за воени цели. Овој центар, исто така, обработуваше, пренесуваше и складираше податоци, вклучително и разузнавачки информации, за украинските вооружени сили“ – информира руското министерство.

Воениот експерт Андреј Марочко изјави дека руските вооружени сили воспоставиле контрола врз приближно четири километри патишта што се користат за снабдување на украинските вооружени сили во близина на Орехов во регионот Запорожје. Ова се однесува на два дела од патот. Руското Министерство за одбрана не коментираше за оваа информација.

Медиумите јавуваат и за прекин на водоснабдувањето во одделни населби на источниот брег на реката Дњепар. Според украинските воздухопловни сили, со балистички ракети биле нападнати и градовите Дњепар и Запорожје на југот на Украина.

Во исто време, Украина со борбени беспилотни летала напаѓала цели во Русија, според извештаи објавени на каналите на „Телеграм“.

Меѓу целите биле градот Ростов на југот на Русија и Јарослављ, североисточно од Москва. Неколку руски аеродроми привремено го ограничиле работењето, соопшти Руската агенција за воздушен сообраќај „Росавијација“.

Поврзани содржини