📽️ СТРУМИЧКИТЕ ПОЖАРНИКАРИТЕ СЕ КАЧИЛЕ ДО ЧЕТВРТИ КАТ ЗА ДА СПАСУВААТ ДЕВОЈЧЕ Внатре затекнале сосема поинаква сцена

Малолетно девојче неколку часа не одговарало на телефон и на ѕвонењето на вратата, па загрижените родители побарале помош од струмичките пожарникари. До станот на четвртиот кат стигнале со авто-скала, но внатре ги чекало големо изненадување.

187

Необична вечерна интервенција имале пожарникарите-спасители од ТППЕ Струмица на улицата „4 Јули“, откако родители побарале помош бидејќи не можеле да стапат во контакт со своето малолетно девојче.

Тоа неколку часа не одговарало на телефонските повици, а не реагирало ниту кога ѕвонеле на вратата од станот на четвртиот кат.






„За родителите особено вознемирувачка акција“, напишаа од ТППЕ Струмица во објавата за интервенцијата.

Пожарникарите пристигнале со авто-скала и преку неа се искачиле до терасата. Оттаму успеале да овозможат отворање на вратата и влегле во станот.

Но, наместо опасност или повредено дете, внатре затекнале сосема поинаква сцена.

„А таму – наместо опасност, ги дочека една сосема неочекувана глетка. Девојчето беше безбедно и едноставно спиеше во длабок сон, не слушајќи ги ниту телефонските повици, ниту ѕвонењето на вратата“, објавија струмичките пожарникари.

На сите им олеснало.

„За пожарникарите можеби необична интервенција, но за родителите – огромно олеснување“, соопшти ТППЕ Струмица.

Поврзани содржини