📷 ВО ВЕЛЕС ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ПОДЗЕМНА КАТНА ГАРАЖА Мицкоски очекува да биде готова до следниот јуни

Денеска е завршена голема работа. Подготовката е направена, а кога е добро добро направена, тоа значи 90 отсто завршена работа - рече Мицкоски.

7

Во Велес почна изградбата на подземна катна гаража и нов плоштад. Премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска до посети градилиштето, очекува објектот да биде пуштен во употреба до крајот на првата половина на следната година.

Мицкоски изјави дека за проектот разговарал со градоначалникот Марко Колев уште во периодот кога тој првпат бил кандидат за градоначалник на Велес.






– Денеска е завршена голема работа. Подготовката е направена, а кога е добро добро направена, тоа значи 90 отсто завршена работа – рече Мицкоски.

Според него, доколку изградбата се одвива според предвидениот план, подземната гаража и плоштадот би требало да бидат завршени кон крајот на првата половина на следната година.

– Сигурен сум дека, ако се оди според планот, кон крајот на првата половина на следната година ќе можеме да го пуштиме овој објект во употреба – изјави премиерот.

Тој најави дека Владата ќе продолжи да ги поддржува инфраструктурните проекти во општините и очекува проектите од првиот и од вториот повик делумно да бидат завршени до крајот на годинава, а останатите на почетокот на следната година.

– Преку ЗЕЛС општините имаат насоки да подготвуваат проекти за следната година. Цениме дека овие проекти даваат резултати, а тоа се гледа и преку економската активност на македонските компании – додаде Мицкоски.

Објектот треба да обезбеди 100 паркинг-места, распоредени на три подземни нивоа до длабочина од 15 метри. Вредноста на инвестицијата изнесува 221 милион денари, обезбедени од Владата преку унгарскиот кредит.

Поврзани содржини