НАЈМНОГУ ДОЖД НАВРНА ВО ГЕВГЕЛИЈА, КАВАДАРЦИ, МАВРОВО… Денеска посвежо, со локална облачност, но без дожд

Во Скопје, ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 28 степени.

76

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Гевгелија, 18 литри дожд на квадратен метар, по што следуваат Кавадарци – 17, Маврови Анови – 11, Берово и Пожаране – 10, Тетово – 8 и Ѓуриште – 7 литри на м2,

Како што соопшти УХМР во Охрид, Скопје – Зајчев Рид и Претор наврнале шест литри на м2, Велес, Демир Капија и Струмица – 5, Попова Шапка – 4, Виница, Битола, Крива Паланка, Тополчани и Прилеп – 3, Скопје – Петровец и Крушево – 2 и еден литар на м2 во Куманово.






Времето денеска ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец (над 50 km/h).

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени.

Во Скопје, ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Во текот на новата седмица ќе преовладува сончево и посвежо време со мала до умерена локална облачност во текот на денот. Температурите ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината.

Поврзани содржини