ПОЖАРОТ КАЈ БЕЛИЦА ИМ ЗАДАВА ГЛАВОБОЛКИ НА ПОЖАРНИКАРИТЕ Повеќе од 60 луѓе се обидуваат да спречат огнот да не ја зафати боровата шума

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување убедува дека селото нема да биде загрозено.

107

Пожарот кај селото Белица во општина Македонски Брод уште е активен. Тимови на ЈП „Јасен“ и екипи на Дирекцијата за заштита и спасување се на терен и дејствуваат.

Во моментот, како што информира директорот на ДЗС Стојанче Анеглов, има повеќе од 60 луѓе кои работаат на терен и од страна на Скопје и од Македонски Брод.






– Селото во никој случај нема да биде загрозено. Огнот е далеку од селото – изјави Стојанче Ангелов.

Тој потсети дека тимови на ДЗС со пинцгауери и тимови составени од доброволци, дејствуваат со дувалки и креираат противпожарни појаси на места каде што огнот може да навлезе во квалитетна борова шума.

На територијата на државата до 13 часот, според Центарот за управување со кризи, има 12 пожари, од кои пет се активни, пет се под контрола и два се изгаснати.

За стабилизирање на состојбата со пожарите дополнително се очекува позитивно да влијае и најавата од Управата за хидрометеоролошки работи Скопје за врнежи. Од УХМР, пред половина част информираа за нестабилност во западните делови од која има поинтензивни врнежи во Кичевскиот регион и во северозападните планински предели е со правец на движење од југозапад кон североисток.

Поврзани содржини