НОЌЕСКА СЕ ВОДЕЛА БИТКА СО ПОЖАРОТ КАЈ КРУШЕВИЦА Гори мешана шума во општина Студеничани и нискостеблеста шума во Македонски Брод

Според ЦУК, освен пожарот во регионот на село Чаниште активни се и уште два пожари. Мешана шума гори во општина Студеничани, во регионот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер. Ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки горат во општина Македонски Брод, место викано „Видуш“, кај село Драгов Дол и кај село Локвица. 

0

Тешка и ризична била борбата со пожарот во непосредна близина на селото Крушевица, изајви директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во изјава дадена вчера на полноќ.

Ангелов информираше дека пожарникарите и екипите на терен успеале да го сопрат огнот и да го повлечат под патот, со што е намалена опасноста за селото.






Од Центарот за управување со кризи (ЦУК ) утрово информираа дека овој пожар е активен и се шири во два крака  – едниот кон село Зовиќ, а другиот кон село Крушевица.

Според ЦУК, освен пожарот во регионот на село Чаниште активни се и уште два пожари. Мешана шума гори во општина Студеничани, во регионот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер. Ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки горат во општина Македонски Брод, место викано „Видуш“, кај село Драгов Дол и кај село Локвица.

ЦУК информира дека во текот на изминатото деноноќие регистрирани се вкупно 37 пожари на отворен простор. Од кои покрај трите активни, еден е под контрола, останатите се изгаснати.

Под контрола е  пожарот на депонијата во Делчево, додека пак, од изгаснатите пожари, два биле на територија на општина Ѓорче Петров, два во регионот на Сарај, два во Штип, по три во Долнени, Кичево и Гостивар, по еден во Аеродром, Арачиново, Могила, Новаци, Радовиш, Струмица, Чашка, како и еден што бил и на територија на Велес и на Зелениково.

Пожарникарите изгаснале пожари и во Виница, Кочани, Липково, Кратово, Старо Нагоричане, Ранковце, Брвеница, Тетово, Јегуновце.

Горела и мешана шума во општините Јегуновце и Сарај. Прво на територија на селата Копанце и Туденце во општина Јегуновце, а потоа пожарот се проширил и кон селото Бојане во општина Сарај.

Поврзани содржини