ХАОС ПРЕД ОХРИДСКАТА ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА Охриѓанка нападнала полицајка и ѝ се заканувала
Полицајката била нападната додека извршувала службени задачи.
Четириесет и двегодишна охриѓанка физички нападнала полициска службеничка и ѝ упатувала закани пред зградата на СВР Охрид.
Инцидентот се случил на 12 август околу 1 часот по полноќ, додека полицајката извршувала службени задачи пред објектот на СВР Охрид.
Според информациите од полицијата, М.С. по нападот веднаш била лишена од слобода.
Против неа е поднесена кривична пријава за напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста и за загрозување на сигурноста.
Од полицијата информираат дека случајот продолжува да се расчистува.