КАРАМБОЛ КАЈ СТРУГА, СЕ СУДРИЛЕ ПА УДРИЛЕ ВО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА И МИНУВАЧ Тешко повреден мотоциклист, во болница завршил и пешакот

Во сообраќајката на патот Подмолје – Ќафасан учествувале автомобил, мотоцикл, две паркирани возила и пешак.

0

Дваесетгодишен мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на магистралниот пат Подмолје – Ќафасан, во близина на Струга.

Несреќата се случила околу 15:20 часот, а во неа учествувале автомобил „голф“, мотоцикл „кавасаки“, две паркирани возила и пешак.






Со „голфот“ управувал 61-годишниот Д.П. од струшкото село Радожда, додека мотоциклот го управувал 20-годишниот Т.Б. од Струга.

Во сообраќајката учествувале и паркиран „мерцедес“ со албански регистарски ознаки, сопственост на 51-годишниот П.Х. од Поградец, како и „крафтер“ со струшки регистарски ознаки, сопственост на 40-годишниот З.Џ. од струшкото село Франгово.

Во несреќата бил повреден и пешак, 61-годишниот Б.Д. од Албанија, кај кого биле констатирани телесни повреди.

Мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.

На местото на несреќата бил извршен увид од јавен обвинител и полициски екипи. Засега нема информации за дополнителни околности за причините поради кои дошло до несреќата.

Поврзани содржини