📽️ ВЛЕТАЛ СО АВТОМОБИЛ ВО ПЕШАЦИ ВО КАН Побегнал, полицијата го фатила 20 километри подалеку

Француските медиуми, повикувајќи се на полицијата и пожарникарите, наведуваат дека инцидентот се случил на автобуска постојка во близина на железничката станица во градот.

6

Најмалку едно лице загина, а неколку други се повредени откако маж со автомобил удри во група луѓе во францускиот град Кан по претходна расправија доцна синоќа, јавија локалните медиуми.

Француските медиуми, повикувајќи се на полицијата и пожарникарите, наведуваат дека инцидентот се случил на автобуска постојка во близина на железничката станица во градот.






Според извештаите, 10 лица се повредени, од кои четири потешко. Телевизијата БФМТВ, повикувајќи се на неименуван извор, јави за поголем број загинати, односно две жртви и осум повредени лица.

Возачот побегнал од местото, но полицијата подоцна го привела во Уистреам, на околу 20 километри од Кан.

Осомничениот има 26 години и е роден во Русија, пишува Еуроњуз. Според француските власти, тој не бил познат на разузнавачките служби. Полицијата претходно го евидентирала само за сообраќајни прекршоци.

Кан, град со околу 110.000 жители, се наоѓа во Нормандија, во северозападна Франција.

 

Поврзани содржини