МАКЕДОНИЈА ВО СЕПТЕМВРИ ЌЕ СЕ ПРИКЛУЧИ КОН ВЕРТИКАЛНИОТ ГАСЕН КОРИДОР Пристап до нови извори и правци на снабдување со природен гас
Преку интерконекторите со Грција и со Србија ќе обезбедиме пристап до нови извори и правци на снабдување со природен гас и течен природен гас ЛНГ, поголема енергетска сигурност и намалување на зависноста од еден извор, објави министерката за енергетика Сања Божиновска.
Македонија се подготвува во септември официјално да се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор, објави министерката за енергетика Сања Божиновска на Фејсбук.
Приклучувањето кон Вертикалниот гасен коридор е значајна стратешка можност Македонија да стане важна алка во европската енергетска мрежа, додаде таа.
„Преку интерконекторите со Грција и со Србија ќе обезбедиме пристап до нови извори и правци на снабдување со природен гас и течен природен гас ЛНГ, поголема енергетска сигурност и намалување на зависноста од еден извор“, објави Божиновска.
Интерконекциите, нагласи таа, се планирани и за транспорт на 100 проценти водород, со што Македонија се подготвува и за идната европска водородна инфраструктура.
„Повеќе извори, поголема сигурност и посилна регионална поврзаност“, порача министерката Божиновска.