ЗА ЕВРОСОНГ ВО БУРГАС ЦЕНИТЕ НА ХОТЕЛИТЕ И ТРОЈНО ПОВИСОКИ Од 650 до над 4.000 евра за ноќевање во градот-домаќин на Евровизија 2027
Апартман во хотел во Бургас кој во август чини 857 евра за 6 ноќевања за двајца, за време на „Евросонг 2027“, односно, за датумите околу 13 - 16 мај догодина, се нуди по цена од 25.145 евра.
Само неколку часа откако Бургас беше официјално прогласен за домаќин на „Евровизија“ за 2027, хотелите во градот нагло ги зголемија цените за датумите околу 13 – 16 мај догодина. Платформите за резервации веќе покажуваат понуди меѓу 650 и над 4.000 евра по ноќ.
Највисоката регистрирана понуда за престој околу неделата на натпреварот, сепак, е 25.145 евра за 6 ноќевања (10. – 16 мај 2027) за двајца возрасни. За споредба, тој апартман чини 857 евра за ист број ноќевања во август 2026 година. За периодот 11. – 16 мај е пријавена цена од 20.871 евро за стан со една спална соба. Слични престојувалишта се нудат и за 18.996 евра (за 5 ноќевања), и за 17.460 евра.
Становите од средна до висока класа, исто така, покажуваат значителни прилагодувања. Апартман во централниот дел на Бургас се издава за 12.322 евра за три ноќевања (13 – 16 мај), а друг за 12.321 евра за пет ноќевања. Понуда од 10.529 евра за пет ноќевања има и во Поморие.
Во сегментот на просечни понуди, цените се движат меѓу 1.950 и 4.633 евра за три до пет ноќевања, при што вредностите се пријавени во недвижности во центарот на Бургас.
Општина Бургас потврди дека почнува организациски подготовки за сместувањето и може да понуди 155.000 кревети во хотели со категорија од една до пет ѕвездички.