СДСМ СО УМИСЛА СОЗДАВА ПАНИКА ЗА ВОДАТА ВО СКОПЈЕ Петрушевски ги повика МВР и Обвинителството да ги откријат тие што шират дезинформации
Ова е смислено сценарио поради финансиско профитерство на фирми блиски до СДС кои работат со продажба на флаширана вода, намерно во договор со структури на СДС создаваат паника и хаос помеѓу граѓаните во Скопје, за тие да заработат денар повеќе, а СДС политички поени, рече Петрушевски.
Пораки дека водата во Скопје не е безбедна за пиење преку социјалните мрежи биле праќани од активисти на СДСМ кон граѓаните, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
– СДС го допре дното и со умисла создава паника и хистерија за тоа дека водата во Скопје не била безбедна за пиење, додека вистината е сосема спротивна. Ова е смислено сценарио поради финансиско профитерство на фирми блиски до СДС кои работат со продажба на флаширана вода, намерно во договор со структури на СДС создаваат паника и хаос помеѓу граѓаните во Скопје, за тие да заработат денар повеќе, а СДС политички поени. Граѓаните на главниот град пијат чиста и безбедна вода за пиење, а Филипче од Грција на гости кај Заев каде ги поминува годишните одмори, дал насока до неговите пајташи од СДС да создаваат недоверба кај граѓаните за безбедноста на водата. До каде дојде некогаш големата СДС? Дојде до талогот, до дното – рече Петрушевски на прес конференција и додаде дека ова ја помина секоја граница.
Тој го повика МВР да ги најде поединците кои, како што рече, по насока на СДСМ шират дезинформации за водата во Скопје.
– Го повикуваме и ЈО да се разбуди од длабокиот сон и да почне да работи. Одговорност за тоа што граѓаните се труеле со години, а не дознавале, како и за ширење лаги и манипулации како оваа денес во Скопје, мора да има – повика Петрушевски.