ТЕТОВЦИ НАЈМНОГУ „ГАЗАТ“ НА ГАСОТ Полицијата казни 115 возачи низ Македонија за опасно престигнување

Акциската контрола траела пет часа, а најмногу прекршоци за непрописно престигнување биле регистрирани на подрачјето на СВР Тетово и СВР Охрид.

45

Вкупно 115 возачи биле санкционирани за непрописно престигнување во акциска контрола спроведена на територијата на целата држава, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Контролата ја спровел Секторот за сообраќајни работи при МВР во текот на вчерашниот ден, во периодот од 16 до 21 часот, со цел санкционирање на возачи кои непрописно престигнуваат и со тоа ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот.






Најголем број прекршоци се регистрирани на подрачјето на СВР Тетово, каде што биле санкционирани 35 возачи. Следува СВР Охрид со 34 санкции, додека на подрачјето на СВР Битола биле санкционирани 19 возачи.

Од МВР информираат дека за време на контролата биле констатирани и 224 други видови сообраќајни прекршоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да ја прилагодат брзината и да не преземаат ризични маневри со кои може да го загрозат својот и животот на останатите учесници во сообраќајот.

Поврзани содржини