ИМ ВЕТУВАЛ ДЕКА ЌЕ ИМ СРЕДИ СТАЖ ВО СТРАНСТВО Две лица од тетовско останале без 15.000 евра
55-годишниот осомничен ги довел во заблуда двете лица дека ќе им го среди работниот стаж остварен во странство за да можат да добијат пензија.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 55-годишниот Л.Е. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Според пријавата, во текот на 2025 година, осомничениот со лажно прикажување факти успеал да земе вкупно 15.000 евра од две лица од тетовскиот регион.
Тој, според пријавеното, ги довел во заблуда дека може да им го среди работниот стаж остварен во странска земја, со што би ги исполниле условите за добивање пензија.
Надлежните институции продолжуваат со постапката за расчистување на случајот.