🎥 СПАСЕНО БЕБЕ ПОД УРНАТА ЗГРАДА И ДРУГИ СНИМКИ ОД ПОТРЕСОТ Најразорен земјотрес во Колумбија од почетокот на векот
Земјотресот со магнитуда од 7,4 степени во понеделникот рано изутрината го потресе западниот дел на Колумбија, а најпогоден е главниот регион за производство на кафе во земјата.
Бројот на загинатите во силниот земјотрес што ја потресе Колумбија достигна најмалку 254 лица, додека спасувачките екипи продолжуваат да трагаат по преживеани под урнатините.
Спасено е бебе кое било заробено под урнатините. Од купиштата бетон од една урната зграда се јавил маж кој рекол дека е заробен заедно со бебето. Неколку луѓе веднаш почнале рачно да ги отстрануваат урнатините, по што успеале да го пронајдат детето и живо да го извлечат. Бебето потоа било предадено на екипите на итната медицинска помош.
🚨Colombia rescuers DIG OUT MONTHS-OLD BABY from BUILDING RUBBLE after 7.4 earthquake
📍An 18-day-old baby was rescued from the rubble of a building. #Colombia #Earthquake https://t.co/Xt5WDuaM5Epic.twitter.com/koQnJVsBRv
▪️More than 100 people are dead & there is widespread…— ⚡️🌎 World News 🌐⚡️ (@ferozwala) August 10, 2026
Земјотресот со магнитуда од 7,4 степени во понеделникот рано изутрината го потресе западниот дел на Колумбија, а најпогоден е главниот регион за производство на кафе во земјата. Станува збор за најразорниот земјотрес во Колумбија од почетокот на векот.
Станбени згради, куќи, училишта и здравствени центри се оштетени, делумно или целосно урнати.
View this post on Instagram
Според податоците од локалните власти, 101 лице загинало во Переира, а 95 во Кали, третиот по големина град во Колумбија.
Спасувачите се на терен, продолжуваат со расчистување на урнатините во потрага по преживеани, со механизација, а наместа и со голи раце.
Владата на колумбискиот претседател Абелардо де ла Есприела најави дека ќе прогласи „вонредна економска состојба“ во земјата, со цел да им помогне на жртвите од земјотресот.
View this post on Instagram
Одлуката за воведување вонредна економска состојба што ја соопшти министерот за финансии Мигел Гомез, ќе ѝ овозможи на извршната власт да донесува декрети со сила на закон и да усвојува вонредни мерки за справување со последиците од трагедијата, чиј вистински економски ефект допрва ќе почне да се согледува, пренесува колумбискиот весник „Тиемпо“.
View this post on Instagram
Владата соопшти дека засега не планира воведување нови даноци и оти првично ќе бара средства преку кредити, прераспределба и намалување на буџетските расходи во рамки на буџетот за 2026 година.
View this post on Instagram