МАКЕДОНИЈА САМА ГО РЕШАВА ПРОБЛЕМОТ СО ВИЗИ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЗАЧИ Договори веќе има со 3 европски земји, се преговара со уште 3
Maкедонија веќе има билетарални договори за транспортерите со Швајцарија, Хрватска и со Романија, а се работи и со Австрија, Германија и со Унгарија, изјави вицепремиерот Александар Николоски.
Македонија самостојно преку билатерални договори го решава проблемот со транспортерите, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во гостување на ТВ Телма.
Николоски вели дека Македонија веќе имамедоговори со Швајцарија, Хрватска и Романија, а работи на случајот со Австрија, со Германија и Унгарија.
– Тоа е систем на ЕУ и тие треба да најдат решение, ние во рамки на можностите на Владата го наоѓаме решението преку овие билатерални договори за долгорочни работни визи — вели вицепремиерот.
Тој потенцира дека овие земји се таргетирани како земји каде македонските превозници најмногу извезуваат или транзитираат.
– Начинот на којшто ние можеме да помогнеме е да склучиме билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната како би се издавале долгорочни работни визи кои би можеле да ги користат превозниците. Тоа е едното, второто кое што веќе успеавме да го договориме со Европската Kомисија е возачите да бидат признати како професионалци и нешто што се случи. Веќе имаме такви договори со Швајцарија, Хрватска и Романија. Во тек се Австрија, работиме со Германија и Унгарија и генерално ова се земјите каде што македонските извозници најчесто одат и онаму каде што најчесто се извезува македонската стока, што значи дека македонските транспортери најчесто патуваат таму – рече Николоски.
Тој го потврди ставот на Владата дека секоја држава од Западен Балкан самостојно треба да го решава овој проблем.
– Она што јас во повеќе наврати го кажувам и сега ќе го кажам е дека секоја држава треба да го решава проблемот самостојно и дека не смееме овој проблем да се гледа заеднички, затоа што една е позицијата на Македонија, друга е на останатите држави од Западен Балкан и не мислам дека е паметно овој проблем да се гледа заеднички, туку треба сите држави да го решаваат индивидуално. Ние го решаваме индивидуално, имаме решение и ако другите држави не можат да го решат, тоа е нивни проблем – истакна заменик претседателот на Владата, Николоски.
Тој повтори дека решението треба да дојде од Европската Комисија, за што веќе се оддржани неколку состаноци и очекува набрзо дека ќе се најде соодветно репшение и упати апел до превозниците да не подлегнуваат на странски пропаганди, бидејќи Владата работи на билатерални договори со државите.