📽️ НАПАД СО НОЖ ВО ЦЕНТАРОТ НА ТУЛУЗ Полицајци го совладале мажот кој извикувал „Алаху акбар“

Мажот претходно ги навредувал и им се заканувал на полицајците, а потоа извадил два ножа. Според „Фигаро“, за време на нападот повеќепати извикал „Алаху акбар“.

64

Двајца припадници на француската полиција биле повредени со нож во понеделникот вечерта, 10 август, во центарот на Тулуз, по што напаѓачот бил уапсен, соопшти градоначалникот на Тулуз, Жан-Лик Муден.

Мажот, тврдејќи дека поседува „информации“, ги навредувал и им се заканувал на полицајците, по што извадил два ножа. Градоначалникот на Тулуз го опиша нападот како инцидент со „терористичка реторика“.






Според ексклузивните информации на француски „Фигаро“, напаѓачот повеќепати извикал „Алаху акбар“.

 

На снимката од нападот јасно се гледаат тројца полицајци кои го опколуваат напаѓачот, вооружени со полициски палки и опремени со солзавец.

Благодарение на заштитната градежна ограда, полицајците успеале ефикасно да го опколат и да му оневозможат да побегне.

Додека се обидувале да го совладаат напаѓачот, полицајците истовремено се бранеле од ударите со нож, при што двајца од нив биле повредени во раката.

На полицајците им биле потребни неколку секунди за да го совладаат и онеспособат напаѓачот.

Поврзани содржини