ТРАГЕДИЈА НА САРТИ Српски турист извлечен мртов, спасител се обидел да го реанимира

Мажот бил извлечен од водата без свест, а обидите за реанимација не успеале. Обдукцијата во Солун треба да ја утврди точната причина за смртта.

134

Одмор на Халкидики завршил трагично за 56-годишен турист од Србија. Мажот бил извлечен без свест од морето кај познатото летувалиште Сарти, на Ситонија.

Спасител веднаш му укажал прва помош. Почнал и со реанимација, но обидите да го врати во живот не успеале.






Туристот потоа бил пренесен со возило на Брза помош од Сарти до Здравствениот дом „Агиос Николаос“.

Таму лекарите ја констатирале неговата смрт.

Телото на 56-годишниот маж треба да биде пренесено во мртовечницата во Солун.

Предвидена е обдукција со која треба да се утврди точната причина за смртта.

Поврзани содржини