ТАЛОГОТ ФИЛИПЧЕ МОЛЧЕЛ ЗА НЕБЕЗБЕДНАТА ВОДА ВО ГОСТИВАР, СЕГА НЕМА ПРАВО ДА МОРАЛИЗИРА Тој, ДУИ и Таравари требаше веднаш да санираат, ама се неспособни

Јавното обвинителство треба да го истражи молкот на Филипче и на власта на СДСМ која дозволувала гостиварци да се трујат со години, а потоа да не знаат од што им се болестите, рече Мартин Андоновски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар.

399

Талогот на општеството Венко Филипче, поради кој со години сме пиеле небезбедна вода, а тоа не ни било кажано нам, граѓаните на Гостивар, нема право да морализира за случајот, порача денеска Мартин Андоновски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар.

– Со години Филипче и власта предводена од СДСМ добивала извештаи од државните институции за тоа дека водата во Гостивар не е за пиење, а тие тоа го криеле и не преземале ниту една мерка за справување со проблемот. Овој проблем во Гостивар не е од денес, туку е од децениската негрижа на локалните власти. Филипче и СДСМ требаше сега кога имаат градоначалник кој отворено го поддржаа во Гостивар, како и кадри кои предводат локални институции, да го решат проблемот со водата, а не да политизираат – рече Андоновски.






Филипче, ДУИ и партијата на Арбен Таравари требаше веднаш да ја земат работата во свои раце, додаде тој.

– Но, затоа што се неспособни, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во рекорден рок обезбеди техничка вода за користење, а секојдневно добиваме и флаширана вода за пиење – порача Андоновски.

Јавното обвинителство треба да го истражи молкот на Филипче и на власта на СДСМ која дозволувала гостиварци да се трујат со години, а потоа да не знаат од што им се болестите, апелира тој.

– Талогот од СДСМ најмалку што можеа да направат е да се извинат и да донираат некој пакет вода за жителите, но тоа не го очекуваме, затоа што тие немаат чест и углед – додаде Андоновски.

 

Поврзани содржини