СЕДУМ ПОЖАРИ ЗА НЕКОЛКУ ЧАСА Три остануваат активни, два се под контрола

До 13 часот се регистрирани седум пожари на отворен простор, од кои три се активни, два се под контрола, а два се целосно изгаснати.

0

Три пожари на отворен простор во земјава и натаму се активни, додека два се ставени под контрола, а уште два се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

До 13 часот денеска се регистрирани вкупно седум пожари на отворен простор.






Активен е пожарот во Штипско, каде што гори ниска вегетација во атарот на селото Лакавица. Пожар има и во Македонски Брод, на местото викано Видуш, во близина на селото Драгов Дол, каде што огнот зафатил сува трева, нискостеблеста шума и грмушки.

Третиот активен пожар е на воениот полигон Криволак во Општина Неготино, каде што гори ниска вегетација.

Под контрола се пожарите во Крива Паланка, на излезот од градот, каде што гори депонија, како и пожарот на градската депонија во Делчево.

Во меѓувреме, два пожари се ставени под целосна контрола и се изгаснати. Едниот бил на патот пред РЕК „Битола“ во Општина Новаци, каде што горела ниска вегетација, а другиот во местото викано Кулата во Велес, каде што огнот зафатил поретка нискостеблеста шума и сува трева.

Од ЦУК продолжуваат да ја следат состојбата на теренот, особено на местата каде што пожарите сè уште се активни.

Поврзани содржини