НЕМА ПРЕГОВОРИ ДОДЕКА САД НЕ ГО НАДОМЕСТАТ ПРЕКРШЕНОТО Шефот на иранската дипломатија испрати порака
Додека не се прекинат прекршувањата на меморандумот за разбирање од страна на САД и додека САД не го надоместат она што го прекршиле, според наше мислење, нема можност за продолжување на преговорите, изјави шефот на дипломатијата на Иран велејќи дека посредниците и понатаму се обидуваат да најдат начин да ги рестартираат преговорите.
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи денеска изјави дека посредниците и натаму „се обидуваат да најдат начини за повторно рестартирање на преговорите“ со САД, но дека во моментов нема можност за нивно продолжување.
– Додека не се прекинат прекршувањата на меморандумот за разбирање од страна на САД и додека САД не го надоместат она што го прекршиле, според наше мислење, нема можност за продолжување на преговорите – рече Арагчи на настан во иранскиот Центар за политички и меѓународни студии при Министерството за г работи, пренесува иранска новинска агенција.
Тој додаде дека Иран преговара со Оман и дека овие преговори „се однесуваат на одредување на нова морска рута во Ормускиот Теснец“.
Претходно американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека Иран го информирал Вашингтон дека не планира да воведува такса за поминување низ Ормускиот Теснец и дека ќе овозможи проток на нафта и гас од Персискиот Залив во обем кој постоел пред конфликтот.
Венс, сепак, додаде декаСАД ќе го проценуваат Техеран според постапките, а не според ветувањата.
– Нашето очекување е дека ќе видиме иста количина нафта и гас што излегува од Заливот како пред почетокот на конфликтот. Тоа е она што Иранците ни кажаа дека ќе го направат – изјави Венс во интервју за „Фокс Њуз“.
Тој наведе дека Иран и земјите од Заливот, особено Оман, разговараат за начини за обезбедување безбеден премин низ теснината, вклучително и отстранување на мините, како и за обврска на Техеран дека нема да отвора оган врз комерцијални бродови.