ГО СОПРЕЛЕ МИНУТА ПО ПОЛНОЌ, ВОЗЕЛ СО 2,13 ПРОМИЛИ Скопјанец остана без „опелот“

Скопјанец на 41 година бил запрен една минута по полноќ на локалниот пат Илинден-Марино. Полицијата утврдила дека возел пијан и без возачка дозвола, а за случајот бил известен обвинител.

167

Една минута по полноќ, полицијата запрела „опел“ на патот меѓу Илинден и Марино. Зад воланот бил 41-годишен скопјанец со измерени 2,13 промили алкохол во крвта.

Контролата открила уште еден проблем. Д.В. возел без возачка дозвола.






Полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот го запреле на 9 август во 00.01 часот. Автомобилот имал скопски регистарски ознаки.

По алкотестирањето, полицајците го лишиле скопјанецот од слобода. Неговиот „опел“ бил одземен.

За случајот бил известен јавен обвинител. Полицијата најавила дека по целосното документирање ќе поднесе соодветни пријави.

Постапката ќе се води според член 297-а од Кривичниот законик.

Поврзани содржини