УАПСЕНИ ТАТКО И МАЈКА ОД ВЕЛЕС, НИВНИТЕ 5 ДЕЦА ГИ ПРЕЗЕДЕ ДРЖАВАТА Биле пријавени за запуштање и малтретирање на децата, немале основни услови за живот

Во содејство на инспектор за малолетници и социјални работници од Центарот за социјални работи Велес  децата биле однесени во Општа болница Велес за утврдување на нивната  здравствена состојба, а потоа биле предадени во Центарот за поддршка на згрижувачки семејства „СОС Детско село“, соопшти полицијата.

150

Полицијата уапси маж и жена во Велес, по пријава дека ги запуштиле и ги малтретирале децата.

Нивните 5 деца се преместени во Центарот за поддршка на згрижувачки семејства.






„На 07.08.2026 во 20:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода Ѓ.Ш.(33) и 29-годишната С.Ш., двајцата од Велес, постапувајќи по претходна пријава за запуштање и малтретирање на дете.  Полициски службеници и претставници од Центарот за социјални работи Велес извршиле увид во домот каде престојуваат Ѓ.Ш., С.Ш. и нивните 5 малолетни деца, при што било констатирано дека немало основни услови за живот и за одгледување на децата“, соопшти полицијата.

За настанот бил известен јавен обвинител, а со родителите бил извршен службен разговор, се додава во соопштението.

„Во содејство на инспектор за малолетници и социјални работници од Центарот за социјални работи Велес  децата биле однесени во Општа болница Велес за утврдување на нивната  здравствена состојба. Потоа биле предадени во Центарот за поддршка на згрижувачки семејства „СОС Детско село“. По целосно расчистување и документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави“, соопшти полицијата.

Поврзани содржини