ДРОН НАТОВАРЕН СО ЕКСПЛОЗИВ ЕКСПЛОДИРАШЕ ВО БУГАРИЈА БЛИЗУ ГАСОВОД Радев најави засилено чување на границата

Дрон што носеше значителна количина експлозив утрово влезе во бугарскиот воздушен простор и експлодираше недалеку од границата со Романија и Трансбалканскиот гасовод, а потоа се урна во поле, рече бугарскиот премиер Румен Радев.

65

Дрон денеска влезе во бугарскиот воздушен простор од Романија и експлодираше во близина на меѓународен гасовод.

– Дрон што носеше значителна количина експлозив утрово влезе во бугарскиот воздушен простор и експлодираше недалеку од границата со Романија и Трансбалканскиот гасовод, а потоа се урна во поле. Дронот експлодираше во непосредна близина на граничниот премин Кардам со Романија, во близина на Црното Море на североистокот на земјата, на 1.000 метри од компресорска станица на Трансбалканскиот гасовод што ја поврзува Турција со Украина – соопшти бугарскиот премиер Румен Радев.






По вонредниот состанок на владиниот совет за безбедност, тој рече дека „нема жртви“.

– Бучавата од дронот ја регистрираше граничната полиција во Романија, а потоа патролата на бугарската гранична полиција слушна силна експлозија и виде црн чад – додаде бугарскиот премиер.

Леталото не било идентификувано за време на летот ниту низ романскиот, ниту низ бугарскиот воздушен простор.

– Како што знаете, идентификувањето и неутрализирањето на овие дронови е голем предизвик – рече Радев.

Нема жртви, ниту штети на зградите, додаде тој.

– Областа е оградена. Продолжуваме да ја следиме ситуацијата. По овој инцидент, ќе ги преместиме и капацитетите на граничната полиција за откривање и контрамерки на дронови од границата со Турција до границата со Романија – рече Радев по вонредната седница на Владата.

Засега останува непознато од каде дошол дронот, ниту дали е поврзан со Русија или со Украина.

Бугарскиот министер за одбрана, Димитар Стојанов, најави дека повеќе информации за инцидентот ќе бидат кажанина состанокот на Северноатлантскиот совет на почетокот на следната недела.

Поврзани содржини