ТРЕТО ВОЗИЛО ГО ПРЕДИЗВИКАЛО СУДИРОТ ВО КОЈ ЗАГИНА 19-ГОДИШНИОТ МОТОЦИКЛИСТ Возачот не застанал да помогне, полицијата го уапси

Со видео запис дојдено е до сознание дека во предизвикување на несреќата, но без физички контакт, учествувало и патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, по што возачот со возилото го напуштил местото без да им укаже помош на повредените, соопшти полицијата.

268

Полицијата уапси возач на автомобил кој учествувал во тешката сообраќајна несреќа во која вчера во Бутел загина 19-годишен мотоциклист. Тој немал контакт со мотоциклот и со автомобилот кои се судрија, но е дел од причините за несреќата.

По преземени мерки и активности, СВР Скопје лиши од слобода едно лице во врска со сообраќајната несреќа во Скопје во која вчера загина 19-годишен мотоциклист од скопско, соопшти денеска МВР.






„На 7.8.2026 во 12:12 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата Радишанска во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б.(47) од Скопје со привремен престој во Скопје и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски таблички, управуван од Н.М.(19) од село Побожје, скопско. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот Н.М.. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, соопшти полицијата.

Со телесни повреди се здобил возачот С.Б., констатирани во ЈЗУ „Св.Наум Охридски“, се додава во соопштението.

„За време на вршење на увидот и по преземени мерки и обезбеден видео запис дојдено е до сознание дека во предизвикување на несреќата, но без физички контакт, учествува и патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, по што возачот со возилото го напуштил местото без да им укаже помош на повредените. По дополнително преземени мерки, околу 19:40 часот во селото Арачиново, скопско, пронајдено е возилото и возачот С.О.(46) од Арачиново. Тој е лишен од слобода, спроведен е во полициска станица и со него е извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти полицијата.

Поврзани содржини