📽️ ГРОМ УБИ ФУДБАЛЕР НА ТЕРЕН И ПОВРЕДИ 12 ИГРАЧИ Трагедија на фудбалски натпревар

Силно невреме го прекинало натпреварот, а гром удрил на теренот. Освен 24-годишниот фудбалер кој загина, повредени се уште 12 лица.

150

Фудбалер загина откако го удри гром за време на натпревар во Тајланд, а уште 12 лица се повредени.

Трагедијата се случила за време на аматерски фудбалски натпревар во Тајланд, кога силно невреме го прекинало мечот, а гром удрил директно на теренот.






Во ударот животот го загубил 24-годишниот фудбалер Сафван Авае, кој бил погоден од громот додека се наоѓал на теренот.

По ударот веднаш настанала паника меѓу играчите и гледачите. Неговите соиграчи се обиделе да му помогнат додека лежел неподвижно на тревникот, а набрзо пристигнала и Итната медицинска помош.

 

Фудбалерот бил пренесен во болница, но лекарите само ја констатирале неговата смрт.

Освен загинатиот фудбалер, во инцидентот биле повредени уште 12 лица, меѓу кои и малезискиот фудбалер Алиф Езахан Зулкифли.

Несреќата се случила за време на турнирот „Голок куп“, регионално аматерско натпреварување на кое учествуваат екипи од Тајланд и Малезија.

Загинатиот Сафван Авае настапувал и за полупрофесионалниот клуб ФК Јала, кој се натпреварува во третата регионална лига на Тајланд.

Поврзани содржини