ПРИНЦЕЗАТА ЕВГЕНИЈА СТАНА МАЈКА ПО ТРЕТПАТ На новото бебе му се израдува и чичкото, кралот Чарлс

Бебето на принцезата Евгенија и нејзиниот сопруг Џек Бруксбанк е родено во Лисабон, Португалија, а кралот Чарлс, кралицата Камила и останатите членови на кралското семејство веќе се израдувале на среќната вест

386

Британската принцеза Евгенија и нејзиниот сопруг Џек Бруксбенк станаа родители по третпат. Двојката доби девојче, нивно прво женско дете по двајцата синови, а веста официјално ја потврди Бакингемската палата. Малечката е родена на 3 август во болница во Лисабон, Португалија, каде што семејството поминува голем дел од времето.

Во соопштението се наведува дека мајката и бебето се чувствуваат добро, а кралот Чарлс, кралицата Камила и останатите членови на кралското семејство биле пресреќни кога ја добиле веста. Принцезата Евгенија радосната новост ја сподели и на социјалните мрежи, објавувајќи ја првата фотографија од новороденчето, но името на девојчето засега не е откриено.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Princess Eugenie (@princesseugenie)

Евгенија и Џек Бруксбенк се во брак од 2018 година, а нивната љубовна приказна започнала уште во 2010 година, кога се запознале на зимување во швајцарскиот Вербие. Нивниот прв син Август е роден во 2021 година, вториот син Ернест во 2023 година, а сега семејството доби и ќерка.

Иако е член на британското кралско семејство, принцезата последниве години води помирен живот, далеку од кралските должности. Таа и нејзиното семејство живеат меѓу Велика Британија и Португалија, каде што Џек Бруксбенк работи за компанија поврзана со бизнисменот Мајк Мелдман. Принцезата е активна и како директор во уметничката галерија „Hauser & Wirth“, а е и коосновач на хуманитарната организација „The Anti-Slavery Collective“, која се бори против трговијата со луѓе.

Принцезата Евгенија е помладата ќерка на принцот Ендру и Сара Фергусон и внука на покојната кралица Елизабета Втора. И покрај контроверзиите што во последните години го следат нејзиниот татко, таа успеа да го зачува имиџот на една од најомилените членки на кралското семејство.

Поврзани содржини